36-годишен кумановец со остар предмет се заканувал на малолетници

Loading...
Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец бил приведен ноќва по пријава дека со остар предмет се заканувал на малолетници во населбата Карпош.

– На 11.06.2025 во 00.15 часот во населба Карпош во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.М.(36) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.00 часот во индустриска зона во истата населба со остар предмет се заканувал на двајца малолетници од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мјузиклот „Улица број 12“ ја наполни салата во МКЦ Козјак во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски