36-годишен кумановец обивал автомобили, полицијата го приведе

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека украл повеќе предмети од патнички моторни возила.

Loading...

– На 25.11.2024 во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(36) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на улиците „Васко Карангелески“ и „Козјачка“ во Куманово со употреба на подесен предмет одзел повеќе предмети од патнички моторни возила.

– Г.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Данило Драшковиќ од Куманово прогласен за најмлад и најдобар пливач

Никола Ивановски