35-годишен Албанец приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера во 07,30 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Р.Македонија, при извршена контрола било констатирано дека С.Б.(35) од Р.Албанија, со албанска патна исправа евидира во СТОП-Листа и истиот се бара за сторено кривично дело “Трговија со луѓе”.

Лицето, како што информираат од МВР, е лишено од слобода и е предаден во СВР Куманово, за понатамошна постапка

Leave a Reply