Ако имате профил на која било социјална мрежа и не сте склони да ги следите трендовите, веројатно сте свесни дека постои серија наречена „La Casa de Papel“ и сите ја гледаат.
Покрај создавање силно чувство на страв, паника и безнадежност, пандемијата на коронавирусот создаде низа карантински хитови, а со Tiger King, во морето на серии и филмови, четвртиот дел (вториот дел од втората сезоната) на „La Casa de Papel“или „Money Heist“ американската верзија на насловот.
Најголемиот светски хит
За само два дена, серијата низ целиот свет стана најбребарувана од која било друга серија, а од престолот однесе и магнети за гледачите како Game of Thrones, The Walking Dead, Brooklyn Nine-Nine и Westworld.
Поточно, само во првата недела, овој шпански хит го гледале 34 милиони гледачи, а во моментот е најгледаната странска серија на оваа платформа.
И не, ова не е шпанска сапуница, туку серија која има прилично импресивен рејтинг (8,6) на IMDb и 92% позитивни прегледи на Rotten, што значи дека публиката и критиката споделуваат ентузијастички.
Осум разбојници и животна работа
Станува збор за крими серија на осум разбојници кои земаат заложници и се затвораат во Централната банка на Шпанија, а умот зад целата операција ја манипулира полицијата за да ја изврши неговата намера.
Се разбира, приказната станува многу покомплексна, но тоа е осовен заплет од кој започнува се.
Првата сезона се појави уште во 2017 година, привлекувајќи внимание како прва серија од таков тип на шпански јазик, напишана од сценаристот Але Пине и режисерот Хесус Колменар.
Сосема е јасно дека авторите сакаат серијата да се разликува од било што друго што се нуди, и ова е особено точно за разиграната екипа на ликови кои можат да ја променат приказната во секој момент, префрлајќи се од херои во негативци и назад во секунда.
Костумите кријат порака
Серијата имаше голема гледаност од самиот почеток, а од почетокот на пандемијата бројките значително се зголемија, но никој не очекуваше дека европската серија ќе постигне ваков успех.
Дел од причината за популарноста веројатно лежи во антикапиталистичките теми кои веројатно во овие неизвесни времиња пронашле плодно тло.
Имено, преводот на оригиналното име на серијата е „Куќа од хартија“, а покрај парите и нестабилноста на таквата куќа, таа е и метафора која се однесува на лагата на еден систем и капиталистичкото општество управувано од банките, без да се разбере за потребите на „малиот човек“.
Истата порака е скриена во маските и костумите кои ги носат разбојниците, кои се симбол на отпор, огорченост и скептицизам кон системот, што е објаснето во серијалот.
Покрај црвените комбинезони, разбојниците носат и маски на славниот уметник Салвадор Дали, кој создал голем дел од својата работа за време на дадаизмот, уметничко движење насочено, меѓу другото, и за отфрлање на модерното капиталистичко општество.
Црвената боја што преовладува во серијата е симбол на љубов, смрт, но и отпор.
По многу револуции низ целиот свет, црвената боја стана симбол на нови слободи, а како што реалноста имитира уметност, костумите од серијата се појавија за време на протестот во Порто Рико на кој демонстрантите бараа оставка на гувернерот Рикардо Росел минатиот јули.
Со оглед на големите промени што сигурно ќе следат низ целиот свет како резултат на пандемијата, постои добра шанса да ги гледаме почесто.
А, што се однесува до самата серија, авторите разјаснија дека оваа сезона нема да биде последна и дека нè чекаат уште два дела.