33 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет, ќе ја одржи 22-та седница на чиј дневен ред ќе се најдат вкупно 33 точки.

Првата точка е  извештај за реализација на програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2018 година. Потоа следуваат предлог – програма за работа на Советот, предлог – одлука за измена и дополнување на одлуката за извршување на Буџетот, како и предлог одлуки за измена и одлуките за утврдување на вредноста на бодот на платите на државните службеници за 2019 година, вработените во библиотеката „Тане Георгиевски“  и детската градинка Ангел Шајче.

Советниците ќе расправаат и за давање согласност на предлог – годишен план за вработување во 2019 година на ЈП „Водовод“, предлог – програма за локален економски развој на Општината, како и предлог – програма за управување со отпад.

На дневен ред ќе се најдат и извештај за извршување на програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на Куманово и на програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици за 2018 година.

Советниците потоа ќе треба да се изјаснат и за извештајот за реализација на програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година како и предлог – програмата за за 2019 година.

На дневен ред ќе се најде и  предлог – решение за разрешување и избор на член на комисијата за социјална, детска и здравствена заштита на Советот на Општина Куманово., предлог – решение за разрешување и избор на член на комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита како и предлог – одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот.

Потоа следуваат и неколку точки од областа на урбанизмот, односно утврдување потреба за донесување на урбанистичко-планска документација за одредени делови од градот.

 Седницата започнува во 10 часот, а директно можете да ја следите и на програмата на Телевизија „Плус“, како и на нашата веб страница, твплус.мк

Leave a Reply