Триесет и тригодишен кумановец бил приведен ноќва откако полицијата констатирала дека возел под дејство на поголема количина алкохол.
– На 24.01.2026 година во 00:48 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М.(33) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле „мопед“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Д.М. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта.
Никола Ивановски

