328 новороденчиња во Куманово во третото тримесечје
On:
Сподели со своите пријатели
Вкупно 328 новороденчиња се родиле во Куманово во третото тримесечје од годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во истиот период починале 268 кумановци, со што природниот прираст на подрачјето на Општина Куманово за јули, август и септември изнесува 60 жители. Од вкупно починатите четири биле новороденчиња.
Според податоците, во посочениот период биле склучени 188 бракови меѓу жителите на Куманово, а се бележат само 7 разводи.
На подрачјето на Општина Липково се родиле 103 деца, а починале 47 лица, меѓу кои и едно доенче. Биле склучени 121 брак, а забележан само еден развод.