Во 1960 година во угостителската мрежа во Куманово продадени биле 306.003 литри алкохолни пијалаци. Ако се земе предвид дека во тој период во Куманово имало околу 30.000 жители, значи дека годишно секој жител во просек консумирал по 10 литри алкохол.
Вкупно 56,4 милиони динари биле потрошени на алкохол таа година, а вредноста веќе се зголемила за 13 милиони динари во 1961 година, кгоа за акохол кумановци потрошиле 69.843.000 динари.
Сепак тоа биле податоци за продажба на алкохолот преку трговската мрежа, не вклучувајќи го и домашното производство.
Токму во 1961 година било формирано и Друштво за борба против алкохолизмот под паролата – алкохолизмот како социјално зло.
Собранието на здружението заклучило ека треба да се преземат мерки за организирање друштва на трезвеност на младината по сите училишта и работни колективи, за да се спречи можноста од натамошното ширење на алкохолизмот кое во почетокот на шеесеттите очигледно земало замав.
Проект на ЈОУ Бибиотека „Тане Георгиевски“ за дитигализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 16 (петок, 15 јуни 1962. година)