На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше усвоен Предлог – Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како ,,Закон за стечајци’’.
Предлог – законот предвидува да се опфатат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, а заклучно со 31 декември 2016 година. Невработено лице може да се стекне со правото доколку ги исполнува следниве услови:
-
лице кое било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци;
-
му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок;
-
на денот на влегувањето во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена) односно 55 години (маж);
-
работниот однос му престанал заклучно со 31 декември 2016 година;
-
остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година и кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја и вина.
