30 градоначалници од Македонија и Бугарија утре на средба во Куманово

Сподели со своите пријатели

Асоцијацијата на градови од Република Македонија и Република Бугарија опфатени во регионот за прекугранична соработка утре ќе одржат прва работна средба во Занатскиот дом во Куманово.

Со почеток во 11 часот, градоначалници од 30 општини од Македонија и Бугарија ќе имаат можност за меѓусебна размена на идеи за соработка, а свое обраќање пред присутните ќе има домаќинот на настанот, градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

На иницијатива на дел од европратениците и градоначалникот на бугарската општина Ќустендил, кон крајот на минатата година е започната иницијативата за формирање на ваков вид асоцијација на градовите на двете држави.

На настанот ќе присуствува и амбасадорот на Бугарија во Република Македонија, Иван Петков, како и директори на кумановските средни и општински училишта.

Leave a Reply