Американката Патриша Кренсил, зависничка од сончање во солариум, откако и бил забранет влез во салоните во Њу Џерси, каде што живее, има намера да се пресели во Британија, открива весникот Сан.
Жена која дури и ја однела својата шестгодишна ќерка Ана на солариум во интервју за британски весник вели дека сака да живее во Лондон за да се опорави од зависноста.
Сепак, сите веруваат дека Патриша во Британија само сака да продолжи да се сонча.
– Ништо не дава боја како солариум. Го користам последниве 12 години, но минатата година ме избркаа од сите салони. Сега поминувам часови нанесувајќи лосиони за самопотемнување.
View this post on Instagram
Сакам да го напуштам ова место за повторно да имам слобода – вели Патриша.
Таа не е сама во тој свет на зависност од солариум.
Меги Синг (47) е Полјака која користи солариум од својата шеснаесетта година. Таа тврди дека секој ден поминува најмалку 20 минути сончајќи се во нејзиниот салон за убавина и верува дека тоа ја прави да изгледа помладо.
View this post on Instagram
– Мислам дека изгледам одлично за моите години. Имам речиси 50 години, а навистина изгледам како да имам 35 – изјавила Меги.
Имајќи сопствен салон за убавина и дава можност да го користи солариумот како и кога сака.
„Мислам дека сум зависна од сончање, едноставно никогаш не се заситувам и дефинитивно мислам дека тоа е добро за моето ментално здравје“, вели таа.