Без разлика на тоа каков вид на печурки обожавате, сите тие се преполни со неверојатно корисни хранливи материи. Печурките заслужуваат посебно место на масата.
Печурките се магија на природата
Толку многу видови на печурки и сите се уште корисни. Повеќето печурки содржат големи количини на селен, што е важно за тироидната жлезда, мочниот меур. Печурките се натоварени со витамин Д, особено кога растат на сончеви места. Тие се прекрасен извор на железо, што ги прави корисни за оние кои се склони кон анемија и оние кои страдаат од дефицит на железо.
Единствен извор на витамин Д во растителното царство
Иако печурките не се зеленчук, ниту овошје, ги вбројуваат во растителното царство. Инаку печурките се сосема одделена гранка од светот на живите организми. Важно е дека по сончевата светлина и месото на мрсните риби, печурките се следниот прекрасен снабдувач на витамин D.