За некого е тајна дека намалениот внес на калории е вистинскиот пат кон слабеењето. Тоа сепак не е секогаш точно така.
Според нутриционистите некои квалитетни видови на храна со висока содржина на калории всушност можат да бидат од корист во борбата со вишокот тежина.
- Авокадо
Во една третина од авокадото може да се најдат 80 калории, но во него има и речиси 20 витамини и минерали плус 3 г влакна. Висококалоричен плод кој е богат со калиум, како и на мононезаситени масти. Заедно со влакната, овие масти оставаат чувството на ситост подолго време, намалувајќи го гладот во текот на целиот ден.
- Жолчките на јајцето
Ако се трудиме да ослабеме, изборот на жолчките наместо цело јајце може да изгледа како лесен начин за намалување на внесот на калории, но тоа не е ефикасна стратегија на долгорочен план. Всушност жолчките на јајцето содржат важни хранливи материи како витамин А, Б витамини, К2 и холин.
Овие хранливи материи помагаат за одржувањето на метаболичка функција и здравје на тироидната жлезда, а тие се од клучно значење за слабеењето.
- Ореви
Кога имаме за цел да отфрлиме вишокот килограми,ореви за појадок се одличен избор. Тие содржат протеини, влакна и моно- и полинезаситени масти, кои исто така не остават заситени подолго време. Најубавиот дел е дека сите видови ореви се одлични за губење на тежината.
Сепак не треба да претерува и со количеството што го конзумираме.