Научниците од Каиро дигитално го „одвиткале“ мумифицираното тело на фараонот Аменхотеп и на тој начин откриле многу интересни детали за него.
Според Сахар Салем, радиолог кој учествувал во откривањето на мумијата, податоците добиени од истражувачите покажуваат дека фараонот имал тесна брада, мал нос и кадрава коса. Таа особено нагласила, пишува Дејли Мејл, дека била воодушевена од тоа што при одмотувањето открила дека фараонот и по 3.500 години и понатаму има неверојатно добри и сочувани заби.
Фараонот Аменхотеп досега беше една од ретките кралски мумии што не можеше да се одвиткаат. Салем и неговиот тим користеле технологија за тродимензионално скенирање, а резултатите што ги добиле биле фасцинантни. Освен што неговото тело е добро сочувано после толку време, откриен е и луксузниот накит со кој е погребан.
„Имаше околу 35 години кога почина. Бил висок 169 сантиметри и сјајни заби. Имаше 30 амајлии во облеката и уникатен златен појас со бисери“, изјави Салем.
Аменхотеп бил вториот крал од 18-тата династија и го презел тронот по смртта на неговиот татко Ахмос. Оригиналната гробница на Аменхотеп никогаш не била пронајдена. Откриен е во 1881 година на локација во Луксор каде се кријат мумиите на кралевите и благородниците, а моментално се наоѓа во Египетскиот музеј во Каиро. Египтолозите досега не ја отвориле и не ја одвиткале оваа мумија, бидејќи, според медиумите, била добро сочувана и со многу цветни украси. Сега, тврди Салем, е создадена сосема нова можност истражувачите да откријат многу за овој древен египетски владетел.