3.099 бегалци од Украина дојдоа во Хрватска

Сподели со своите пријатели

До 7 часот утринава во Хрватска пристигнале 3.099 бегалци од Украина, јавува Хрватската радио-телевизија.

Loading...

Таму пристигнале главно жени со мали деца, а има и повозрасни лица.

Во Врбовец има многу вработени Украинци. Велат дека воопшто не се двоумеле дали тоа ќе им помогне да се спојат со дел од семејството.

 

Стравични снимки по синоќешното бомбардирање низ Украина: Досегашната штета е 10 милијарди долари (ВИДЕО)

 

Денеска се очекуваат уште 20-тина лица од Украина, а засега не се знае точно кога ќе пристигнат, се зависи од тоа колку време ќе им треба за да ја поминат границата.

Црвениот крст во Хрватска денеска ќе започне со собирање материјална помош.

Loading...

Потребни се пред се храна и средства за хигиена

Репортерот на ХРТ од унгарско-украинската граница во североисточниот град Захоњи утринава изјави дека во моментот има затишје, но дека синоќа имало поголем прилив на луѓе на преминот.

 

Зеленски: Се бориме за правото на живот, тоа окупаторите сакаат да ни го одземат

 

„Возовите постојано доаѓаат и одат овде на железничката станица. Украинците, главно жени и деца, се пречекани од бројни волонтери кои им помагаат. Надвор од станицата има полициски шатори каде е официјалната регистрација на бегалците. Сè е добро организирано и властите на овие мали места се подготвени и им помагаат на луѓето кои доаѓаат во се поголем број“, рече таа во утринските вести на ХРТ.

Таа рече и дека новинар од унгарската телевизија и рекол дека Унгарија е трета земја по приемот на бегалци од Украина, по Полска и Молдавија.

Таа додаде дека луѓе со автомобили од цела Европа доаѓаат на станицата и ги превезуваат луѓето од Украина до дестинацијата каде што договориле сместување.

Loading...