29-годишен кумановец викендов приведен поради возење под дејство на алкохол

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишник од Куманово бил приведен викендов поради управување моторно возило под дејство на алкохол.

Loading...

– Пполициски службеници од СВР Куманово во 01,28 часот го лишија од слобода С.С. (29) од Куманово, кој што управувал возило марка „Ауди“ под дејство на алкохол, односно со измерени 1,57 промили алкохол во крвта, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, ноќта меѓу 5ти и 06ти во рамки на тековните активности на полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи евидентирани се шест случаи на управување на возило под дејство на алкохол, односно шестмина возачи кои што се исклучени од сообраќај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманво: Драстична и нагла промена на времето!

Против сите шест лица ќе бидат поднесени кривични пријава по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ („безобѕирно управување со моторно возило“).

Никола Ивановски