29-годишен кумановец ќе одговара за измама

Сподели со своите пријатели

Сектор за Внатрешни Работи Куманово до Основно Јавно Обвинителство Куманово на 07.11.2018 година поднесе кривична пријава против Д.А.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Измама“ по член 247 став 1 од Кривичен законик.

Пријавениот, како што информираат од СВР Куманово, во период од 21.02.2017 година до 27.02.2018 година, вработен во фирма во Куманово, со намера за себе прибави противправна имотна корист го довел во заблуда оштетениот Н.А. на начин што на 01.05.2017 година при склучување договор за користење на интернет социјална мрежа со Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од Куманово се договориле по монтирање на интернетот однапред да му плати на рака 18.000 денари во кои пари влегува монтажа и годишна преплата од 12.000 денари, по што пријавениот бил должен овие пари да ги уплати во правното лице, меѓутоа тој не го сторил тоа туку парите ги задржал за него, а на 21.02.2018 година, од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Куманово оштетениот добил писмена опомена за неподмирен долг од 12.000 денари со што сфатил дека е измамен.

Leave a Reply