29-годишен кумановец ја нападнал невенчаната сопруга

Сподели со своите пријатели

Дваесет и деветгодишник од Куманово вчера бил приведен по пријава дека физички ја нападнал неговата две години помлада сопруга.

– На 25.02.2026 во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(29) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 27-годишна невенчана сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен возач од Челопек, возел со 2,60 промили алкохол