На 27.01.2017 година во 17.00 часот на граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека патната исправа на лицето А.Ф. (29) од Република Албанија е фалсификувана, односно било извршено намерно оштетување, односно механичко бришење на информации за влез во земјите на ЕУ на една страна, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Истиот е лишен од слобода и во 18.30 часот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.