28 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 28 точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната седма седница на Советот на Општина Куманово.

Советниците ќе разгледаат неколку извештаи, меѓу кои и на Полициската станица од Општа надлежност за текот на 2025 година, како и извештајот на Библиотеката.

Ќе има точки за работата на општината, финансии и буџет, урбанизам и градежништво…

Седницата започнува во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет, а целиот дневен ред може да го погледнете во продолжение:

1. Информација на превземени мерки и активности во текот на 2025 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;

2. Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за 2025 година;

3. Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2025 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;

4. Предлог – Решение за давање мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Крсте Мисирков“ – Куманово;

5. Предлог – Решение за давање мислење на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Магдалена Антова“ – Куманово;

6. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Куманово за периодот од 1 јануари 2025 година до 31 декември 2025 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бесплатна WI-FI мрежа на градскиот плоштад во Куманово

7. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот за обезбедување на финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Куманово;

8. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2025 година;

9. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2026 година;

10. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;

11. Годишен извештај на Општина Куманово за 2025 година;

12. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за Извршување на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;

13. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;

14. Предлог – Одлука за давање согласност деловните простории сопственост на Општина Куманово да се дадат под закуп по пат на електронско јавно наддавање;

15. Предлог – Решение за именување на членови во заедничката комисија за извршување на работни задачи по воспоставување на меѓуопштинската соработка помеѓу општина Куманово и општина Свети Николе;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово вечерва гостува кај Пелистер

16. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за преземање на 1 (еден) административен службеник;

17. Предлог – Решение за Формирање на Комисија за селекција на кандидати за избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбро на Јавно претпријатие „ Водовод“- Куманово;

18. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик – повторување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на ЈП „Водовод“ – Куманово;

19. Предлог – Решение за Формирање на Комисија за селекција на кандидати за избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбро на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“- Куманово;

20. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик – повторување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на Јавно претрпијатие „Чистота и зеленило“ – Куманово;

21. Предлог – Решение за Формирање на Комисија за селекција на кандидати за избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбро на Јавно претпријатие „ Пазаришта“ – Куманово;

22. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик – повторување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово се засили со двајца ракометари од Египет

23. Предлог – Решение за Формирање на Комисија за селекција на кандидати за избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбро на Јавно претпријатие „Куманово-Паркинг“-Куманово;

24. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик – повторување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Куманово – паркинг“ – Куманово;

25. Предлог – Решение за Формирање на Комисија за селекција на кандидати за избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбро на Јавно претпријатие за изградба на инфратсруктурни објекти „Куманово Гас“ – Куманово;

26. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик – повторување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово-гас“ – Куманово;

27. Предлог – Решение за Формирање на Комисија за селекција на кандидати за избор на членови на Управен одбор и Надзорен одбро на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово-план“-Куманово;

28. Предлог – Одлука за објавување на јавен повик – повторување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати, за избор на членови на Управен и Надзорен одбор на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово-план“ – Куманово.

Никола Ивановски