28 хаварисани возила отстрани полицијата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 28 возила за една недела отстрани полицијата во Куманово во рамки на акцијата со Општината.

– По претходно изготвен план врз основа на заклучоци донесени на состанок во општина Куманово и извршени проверки од страна на СВР Куманово, полициски службеници од СВР Куманово изминатава недела презедоа конкретни мерки за отстранување на хаварисани возила на подрачјето на Куманово,. Притоа, од јавните површини во градот биле отстранети вкупно 28 хаварисани возила, велат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата сопствениците не ги отстраниле возилата претходно и покрај укажувањето да го сторат тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен возач од Челопек, возел со 2,60 промили алкохол

– Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, стои во соопштението.

Никола Ивановски