28-годишна кумановка нападната од поранешниот партнер

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишна кумановка ноќва пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер.

– На 11.04.2026 година во 03.15 часот во СВР Куманово, 28-годишна жена од Куманово пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер С.А.(36) од кумановско село, информираат од Секторот за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, од полицијата додаваат дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој ја нападнал мајка си