28-годишен кумановец приведен поради марихуана

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен кумановец вчера попладне бил приведен откако полицијата му пронашла марихуана.

Loading...

– На 25.05.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од  слобода А.Н.(28) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од кумановската полиција, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски