28 дена преживувала во шумата, кога се вратила семејството едвај ја препознало (видео)

Сподели со своите пријатели

Жената која преживеала месец дена во дивината јадејќи бобинки и печурки повторно е со своето семејство, а властите ваквите случаи ги нарекуваат чудо.

Лиса Терис (25) се изгубила во Алабама во дивината и за време на драмата која ја преживеала изгубила цели 22 килограми. Била организирана и голема група за нејзината потрага, но безуспешно.

Рече дека пиела вода од потокот и јадела бобинки и печурки – вели шериф Рејмонд Роџерс.

Loading...

 

Терис немала чанда, обувки или телефон и станала дезориентирана обидувајќи се да го пронајде излезот од шумата. Во саботата здогледала возач на автопатот.

Возачот од Флорида возел и забележал како нешто се движи во грмушките. Се вратил и вдел млада жена во шумата – рекол Роџерс.

Тој повикал полиција и рекол дека ја пронашол исчезнатата личност.