279 лица повеќе починале во Куманово лани споредбено со 2019та година

Сподели со своите пријатели

Вкупно 1.336 лица починале лани на подрачјето на Општина Куманово, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Loading...

Споредбено со податоците од 2019 година, во 2020тата починале 279 лица повеќе, но дали тоа се должи на пандемијата, засега нема податоци.

Според податоците во Куманово лани починале повеќе мажи, односно 715 мажи и 621 жени.

 

 

Починале и четири доенчиња, од кои три биле девојчиња, а едно момче.

Скоро сите кои лани починале во Куманово биле лекувани пред смртта, а 393 од нив починале во болнички услови.

Loading...

Во Општина Липково во 2020 година се регистрирани 219 смртни случаи, што е повеќе од 2019та кога имало 144.

Во соседната општина Старо Нагоричане лани починале 84 лица, додека во 2019та година таа бројка изнесувала 75.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените лица е зголемен за 3.6 % во однос на претходната година и изнесува 20.446 умрени лица.

Поголем  број  се од машки пол и тоа 10.616 или 51.9 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 112, a нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 0.5 % на 100 умрени лица.

 

 

Според  месецот на смртта, најголем број случаи има во месец  јануари (2.027).

Loading...

Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 71.6 години, односно 76.0 години кај лицата од женски пол или се бележи за 4.4 години повисока просечна возраст кај жените.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем, според МКБ 10 (шифра I00-I99), и тоа во 51.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои  како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра C00-D48), и тоа во 18.6 %, па со 4.6 % се застапени случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.4 % од вкупно умрените.

Никола Ивановски

Leave a Reply