260 санкции за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден (29.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 260 возачи.

Loading...

Од нив 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 120 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка повредена додека работела во продажен објект