Дваесет и шест лица во Куманово вчера добиле казна од полицијата поради непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето.
Loading...
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (14.02/15.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 50 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Најголем број издадени прекршочни налози се во Куманово 26, во Крива Паланка 17 и во Кратово 7.
За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Никола Ивановски