Вкупно 26 казни за непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, биле напишани во Куманово во текот на последното деноноќие.
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (07.06/08.06.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 36 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Најголем дел од казните биле напишани во Куманово 26, во Крива Паланка 6 и во Кратово 4.
За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.
Никола Ивановски