26-годишен кумановец приведен за издржување затворска казна

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шестгодишен кумановец вчера бил приведен, откако по него имало потерница за издржување затворска казна.

– На 16.02.2022 во 16.55 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода А.Ш.(26) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од полицијата, лицето се барало со потерница за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казната.

Никола Ивановски