Вчера околу 07.40 часот во Полициската станица Куманово било пријавено дека во Медицински центар Куманово бил донесен Д.П. (26) од Куманово со убодна рана во пределот на десната нога.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, истиот ден околу 07.00 часот, додека Д.П. бил дома, на мобилниот телефон му се јавило непознато лице и побарало да излезе надвор бидејќи требало да му даде нешто. Д.П. излегол надвор и во моментот кога сакал да се поздрави со лицето, од позади грб друго непознато лице го удрило со дрвена рачка од метла. Тој паднал на земја, а непознатите лица почнале да го удират со дрвената рачка, со пластична цевка и со нозе во пределот на телото и главата. Во еден момент, едно од лицата со нож го прободело во пределот на десната нога.
Д.П. успеал да избега и да влезе во куќата, од каде бил однесен во Медицински центар Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.