25 пациенти на Инфективното одделение во кумановската болница
Loading...
Вкупно 25 лица се хоспитализирани на Инфективното одделение во Општа болница Куманово.
Осум од нив се на кислородна поддршка, информираа денеска надлежните од болницата, додека останатите се со средна и полесна клиничка слика.
Најтешките случаи кои имаат потреба од респиратор се транспортираат на Клиниката за инфективни болести и болницата „8 Септември“ во Скопје.
Со вчерашниот, последен пресек на статистиката Куманово од почетокот на епидемијата има 1.472 случаи, од кои активни се 379.
Никола Ивановски