25 нови случаи и еден починат во Липково, во Куманово еден позитивен

Сподели со своите пријатели

Дваесет и шест нови случаи изминатото деноноќие регистрира Центарот за јавно здравје Куманово, информираше денеска директорот Ариф Љатифи.

Loading...

Од вкупната бројка, 25 се на подрачјето на Општина Липково, а во Куманово само еден.

Регистриран е и еден смртен случај. Станува збор за лице на 52-годишна возраст жител на Липково кој починал на Клиниката за инфективни болести каде бил хоспитализиран изминатите осум дена, информираше Љатифи.

Инаку, според неофицијални извори, од 31ви мај заклучно денес во Куманово се регистрирани 10 нови случаи, додека во соседната Општина Липково за истиот период има 63 нови позитивни на Ковид-19.

Никола Ивановски

Leave a Reply