На територијата на Куманово полицијата вчера казнила 25 возачи кои возеле со брзина над дозволената.
– Вчера (17.02.2022), на подрачјето на Куманово, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 25 возачи, информриаат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Засилените сообраќајни контроли, како што велат оттами, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

