25-годишник загина на патот Куманово – Крива Паланка, откако удрил куче скитник

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишник од кривопаланчеко загина во сообраќајна несреќа што вчеравечер се случила на патот Куманово – Крива Паланка.

– На 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко, информираат од Секторот за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КФСМ им се заблагодари на Куманово и Кумани за фер и спортско навивање

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите.

– Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, велат од кумановската полиција.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски