24-годишник украл злато од имот во Средорек

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека украл злато од приватен имот во населбата Средорек.

Loading...

– На 24.07.2025 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ѓ.З.(24) од Куманово. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во приватен имот во населбата Средорек во Куманово и одзел злато, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Ѓ.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две девојки повредени откако „поло“ излетало од автопатот Куманово - Табановце