Дваесет и четиригодишна девојка од Скопје вчера останала без својот мобил телефон, откако била ограбена во Куманово.
– На 20.03.2026 во 21:30 часот во СВР Куманово Н.К. (24) од Скопје, со живеалиште во Куманово, пријави дека на улицата „Павле Станоев” во Куманово, непознато лице ја турнало и и го одзело мобилниот телефон, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

