226 средношколци од Куманово ќе добијат ранец и прибор од невладината „Креатор“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ранец со прибор за топол почеток на новата учебна година ќе добијат вкупно 226 средношколци од Куманово преку проектот „Социјализација во изолација“  на невладината организација „Креатор“.

 

 

– Во рамки на оваа активност нашите волонтери во периодот што следи ќе посетат 226 млади средношколци од Куманово, млади кои припаѓаат на социјално-ранливи категории, рурални средини, млади со пречки во развојот, млади од семејства на самохран родител, маргинализирани групи. Проектот ќе им додели училишно ранче со школски прибор потребен за да учебната година започне полесно, информираат од „Креатор“.

 

 

Целта на проектот, како што потенцираат, е да ги намали негативните последици кои Ковид-19 ги нанесе врз младите во општеството.

– Активноста ја реализираме во соработка со сите средни училишта во Куманово, Гимназија „Гоце Делчев“, Гимназија „Сами Фрашери, СОУ „Перо Наков“; ССОУ „Киро Бурназ“ и ОСТУ „Наце Буѓони“.

 

 

Проектот „Социјализација во изолација” на Здружение КРЕАТОР се спроведува во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Никола Ивановски

Leave a Reply