22 литри дожд паднаа во Куманово: Какво време носи викендот?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури низ држава утринава се движеа од -3 до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат од 0 до 11 степени целзиусови.

 

 

Изминатото деноноќие во Куманово наврнале 22,2 литри дожд на метар квадратен. Најмногу дожд паднал во Струмица, дури 52,3 литри.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд, кои постепено кон крајот на денот ќе престануваат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов обид за измама со лажна сообраќајка во Куманово

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 2 степени, а максималната дневна ќе достигне 4 степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум ќе достигне 9 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имам променливо облачно време и значителен пораст на температурите.

Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Вистинскиот патриотизам се гледа во тоа кој што направил, а Филипче ги распродава државните интереси

 

 

Почетокот на новата работна недела носи повторно услови за дожд.

Никола Ивановски