Дваесет и двегодишен пациент од Куманово вчера почина од компликации настанати со Ковид-19 и е една од најмладите жртви на пандемијата.
Веднаш по објавување на веста, голем број шпекулации се јавија во јавноста и социјалните мрежи дека пациентот починал по примена вакцина.
Кумановски Муабети официјален став побара од Министерството за здравство од каде велат дека пациентот не бил вакциниран.
– Пациентот не бил вакциниран, истиот немал хронични заболувања во исклучително тешка состојба е примен на Клиниката за инфективни болести, стои во одговорот на Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека, во епидемиолошката анкета стои дека 10 дена пред лекарски преглед бил на свадба.
Никола Ивановски

