22 години од Кумановскиот договор со кој беше ставен крај на НАТО бомбардирањето врз Југославија

Сподели со своите пријатели

На денешен ден се навршуваат 22 години од потпишувањето на Кумановскиот договор со кој се стави крај на НАТО бомбардирањето врз поранешната Сојузна Република Југославија.

Loading...

Кумановскиот договор е воено-технички договор склучен меѓу Меѓународните безбедносни сили и KФОР и владите на СР Jугославија и на Р. Србија, ноќта меѓу 9 и 10 јуни 1999 година на воениот аеродром близу Куманово, во базата на KФОР – Tалон.

 

 

Со договорот бил ставен крај на воздушните удари на нато на СРЈ, а ден подоцна е усвоена резолуцијата 1244 во Советот на безбедност.

Договорот бил потпишан од генералот на југословенската војска Светозар Марјановиќ, генералот на полицијата Обрад Стевановиќ и британскиот генерал Мајкл Џексон.

 

Loading...

 

Договорот предвидува позиционирање меѓународни вооружени сили во Косово (KФОР) и повлекување на југословенските вооружени сили од Косово до 20 јуни 1999 година, воздушна безбедносна зона од 25 км од косовската граница и земјишна зона од 5 км.

Инаку бомбардирањето на Сојузна Република Југославија со кодно Операција „Сојузничка сила“, (анг. Operation Allied Force) беше воена операција на НАТО против СР Југославија што траеше од 24 март до 10 јуни 1999 година, како дел од Косовската војна.

 

 

При бомбардирањето на НАТО вршени се напади врз воени цели, но и врз стопански и цивилни објекти.

Loading...

Во нападите што траеле 78 дена без прекин, тешко се оштетени бројни инфраструктурни објекти, стопански објекти, училишта, здравствени установи, медиумски куќи, споменици на културата, цркви и манастири.

 

 

Бројот на цивилни жртви изнесува околу 500-1200 загинати. Економската штета е проценета на 30 милијарди долари.

 

Leave a Reply