21 литар дожд изминатото деноноќие наврнаа во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 21 литар на метар квадратен дожд паднале на подрачјето на Општина Куманово во текот на изминатите 24 часа, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, односно 66 литри, додека најмалку во Куманово.

Времето утринава е променливо облачно со повремени врнежи од дожд претежно на исток и на североисток и со умерен интензитет. Во Виничко има појава на магла. Дува слаб променлив ветер. На повисоко на североистокот и во Скопско дува слаб до умерен претежно северозападен ветер.

Во текот на денот променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни на запад и уште повеќе на исток (локално над 25л/м2), а кон југ и со услови за грмежи. На планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен слаб снег.

Преку ноќта од запад ќе се прошират нови врнежи кои ќе се претежно од дожд, само на високите планини ќе се од снег и кои во поголемиот дел ќе заврчуваат во недела до средината на денот.

Температурата денес во интервал од 7 до 13 степени.

Во ноќта кон недела и в недела претпладне ќе има врнежи кои ќе се поинтензивни на западот и ќе завршуваат попладне. Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините краткотрајно ќе има провејување на слаб
снег. Утринските температури ќе се во опаѓање и веќе од средината на неделата наутро температурите ќе се под нулата.