21-годишен кумановец уапсен во Скопје

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец вчера бил приведен во Скопје откако по него имало издадена судска наредба за издржување затворска казна.

– На 07.03.2022 во 12.30 часот на бул. Киро Глигоров во Скопје од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба е лишен од слобода Т.К.(21) од Куманово по претходно издадена судска наредба од Основен суд Куманово, а бил баран за издржување казна затвор во затвор Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Никола Ивановски