Дваесет и едногодишен кумановец со метален предмет бил претепан од повеќе лица на булеварот „Октомвриска револуција“.
– На 25.10.2025 во 20.52 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булевар ” Октомвриска револуција” во Куманово настанала тепачка помеѓу неколку лица. По преземени мерки било утврдено дека А.Ј. (21)од Куманово бил нападнат со метален предмет од неколку лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

