2021 – година на евтини 5G телефони

Сподели со своите пријатели

Qualcomm и официјално го објави Snapdragon 480 – најновата технологија на 5G процесори и прва од серијата Snapdragon 4 која лансираше достапни телефони со Android 5G.

Loading...

Тоа се уреди кои треба да имаат пониски цени од сите претходни 5G проекти во кои учествувал Qualcomm.

Новиот Snapdragon беше тестиран на саемот за технологија IFA 2020 во Берлин, а последната најава ги носи првите официјални детали за тој процесор.

Snapdragon 480 има интегриран Snapdragon X51 модем со поддршка за мрежи mmWave и под-6GHz.

 

 

 

Loading...

Ова би можело да биде еден од најважните чекори во напорите 5G мрежата да стане подостапна, и што е можно побрзо да се допре до голем број корисници ширум светот, пишува The Verge.

Повеќето од моментално достапните 5G телефони чинат повеќе од 500 долари, а таа технологија е достапна само под премиум уреди.

Серијата Snapdragon 4 може да го промени тоа, бидејќи Qualcomm работи на осигурување дека производителите ќе можат да ја применат технологијата 5G на своите буџетски производи, чија цена е од 125 до 200 долари.

Ова значи дека, благодарение на процесорот Snapdragon 480, 2021 година може да стане година на достапни 5G телефони, пренесува PC Press.

Snapdragon 480 е интересен не само поради 5G технологијата, туку и затоа што е производ што значително ќе ги подобри перформансите на уредите во кои ќе се најде.

Leave a Reply