Со одлуката на Владата на Република Македонија, Куманово ќе добие 20 милиони денари за отпочнување на градежни активности за реализација во индустриската зона Новине и Речице, со што ќе се отпочне и процес на понуда на парцелите кон инвеститорите.
Loading...
Како што изјави денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, моментално таму има само земјоделско земјиште, а со овие средства ќе се отпочне реализација на реална инфраструктура.
– Овие 20 милиони денари се сосема доволни за почеток за да почнеме во следната година да видиме инвестиции на лице место, изјави Димитриевски.
Вкупните инвестиции во оваа зона се очекуваат помеѓу 230 до 240 милиони денари на површината од 60 хектари.