20-годишен кумановец физички нападнат пред угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен кумановец викендов бил физички нападнат пред угостителски објекти.

Како што информираат од СВР Куманово, во сабота околу 12:20 часот дваесетгодишник со иницијали М.П. од Куманово додека извршувал работни задачи како вработен во фирмата за услужни дејности пред угостителси објект бил физички нападнат од Н.С. , Д.Ц. и И.Д.

Според пријавата, која момчето ја поднело во кумановската полиција, со напаѓачите се познавал од претходно.

Се преземаат мерки зарасчистување на случајот.

Leave a Reply