20.000 евра криел во камин, но жена му одлучила да запали оган…

Сподели со своите пријатели

За брачна двојка од Италија божиќните празници се претворија во ноќна мора, откако останаа без целата своја заштеда по бизарен инцидент.

Loading...

Имено, еден Римјан за италијанскиот „Il Mesađero“ раскажал како во каминот криел заштеди во вид на обврзници, без знаење на неговата сопруга.

Мажот изјавил дека мислел дека е безбедно место во куќата кое нема да го пребаруваат крадците, но не сметал на тоа дека неговата сопруга ќе реши да го запали огништето малку порано од вообичаено.

„Мојата сопруга не знаеше дека таму сум ги криел парите. Секоја година пред да го запалам огнот ги преместувам парите. Кога ги видов пламените јазици, за малку ќе се онесвестев“, рече тој.

Мажот вели дека не очекувал каминот да светне уште неколку дена, со оглед на тоа што температурите во Рим дотогаш не барале дополнително загревање, но сопругата решила да ужива во празничната атмосфера покрај каминот.

Кога нејзиниот сопруг и кажал што има во каминот, врската повеќе не можела да се спаси, а парот веројатно засекогаш ќе го памети овој Божиќ како еден од нивните најлоши.