2.000 бродови и 20.000 морнари блокирани во Ормутскиот теснец

Сподели со своите пријатели

Околу 2.000 бродови и 20.000 морнари се блокирани во Ормутскиот теснец, изјави денес, 25 март, генералниот секретар на Меѓународната поморска организација, Арсенио Домингез.

„Колку подолго се блокирани овие бродови, толку подолго екипажите страдаат од стрес, ментален замор и недостаток на сите потребни залихи“, рече Домингез.

Тој изјави дека осигурителните компании одбиваат да го сносат товарот или трошоците за загуби, а повеќето или ги откажале договорите или наплаќаат значителни премии.

„Хуманитарната криза на тие бродови во моментов се спречува благодарение на помошта што ја даваат земјите околу теснецот“, рече Домингез.

Тој додаде дека Меѓународната поморска организација инсистира на хуманитарен коридор што ќе им овозможи на бродовите да ја напуштат областа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На барање на Пакистан, Израел отстрани двајца ирански функционери од списокот за отстрел

„Планот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги следи бродовите низ теснецот е едноставно неодржлив бидејќи нема гаранции дека бродовите на комерцијални рути нема да бидат цел на напади и дека невини морнари нема да бидат убиени“, изјави Домингез за „Ал Џезира“, пренесува Срна.