Полицијата заплени пиротехника во Куманово, приведени неколку лица

Сподели со своите пријатели

Неколку лица биле приведени вчера во Куманово откако полицијата им пронашла поголем број парчиња пиротехнички средства.

– На 30.12.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.А.(39), М.В.(21), двајцата од Куманово и Е.Џ.(28) од с.Лојане, општина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при преглед на тезга кај Зелениот пазар на бул.„Трета македонска ударна бригада“, сопственост на А.А., пронајдени се и одземени над 330 парчиња разновидни пиротехнички средства.

– При контрола на возило „сеат леон“ на ул.„11 Октомври“, управувано од М.В., пронајдени се и одземени 32 парчиња разновидни пиротехнички срества. Додека, при преглед на возило „мазда“ на влезот на Куманово, управувано од Е.Џ., пронајдени се и одземени 150 парчиња разновидни пиротехнички средства, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бушеле гуми на паркинг во Куманово, приведено едно лице

Според полициајта, лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 396 од Кривичниот законик.

Никола Ивановски