Меѓународна изложба „Убавините на планетата“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куманово е домаќин на уметничко случување со меѓународен карактер. Во периодот од 1 до 7 септември, во Уметничката галерија при Музеј Куманово ќе се одржи изложбата „Убавините на планетата“, која обединува 63 уметници од 25 различни земји.

Loading...

Најразлични техники и медиуми – од сликарство и фотографија, до дигитална уметност, калиграфија и дизајн – ќе бидат претставени на поставката.

Организаторите истакнуваат дека целта е преку уметноста да се прикаже богатството на културите и природата, но и да се поттикне размислување за нивната заштита.

Настанот се реализира со поддршка на Институтот L’Art International од Иран, институција која со години работи на меѓународно поврзување на уметници и промоција на креативни таленти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11-годишник од Куманово крадел во Гостивар

Со своето долгогодишно искуство и присуство на бројни престижни настани во Европа, Азија и Америка, Институтот има значајна улога во поттикнување на културниот дијалог.

Куратори на изложбата се Абдолреза Рабети, Јаготка Томовска и Азамосадат Мохамад Бегбан, а свеченото отворање е закажано за 1 септември во 18:30 часот.